Новиот мандатар и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски потенцира дека најголемата опозициска партија констатно го напаѓа веќе 30 дена, откако стана претседател на неговата партија.
-Постојано неосновани обвинувања кои што се лични и кои немаат никаква основа. Се надевам дека тоа ќе престане. Не навлегувам во такво ниво на комуникација. Моето воспитување не ми го дозволува тоа и начинот како ја имам градено политичката кариера. Нивото на политичка култура треба да се подигне и да зборуваме за решение, рече Ковачевски.
Мандатарот додаде и дека и откако ќе стане нов премиер, ќе упати покана за средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-По изборот ќе упатам покана за да седнеме на иста маса и да поразговараме за сите отворени прашања и за се што е од интерес на граѓаните, рече Ковачевски во емисијата „Топ тема“.