Како од сите фирми во Македонија токму фирмата „Маркоски“, блиска на Никола Груевски и Сашо Мијалков, го доби тендерот за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“, праша денеска на прес конфереција во Собранието пратеникот од СДСМ, Васко Ковачевски.
-На 2 март оваа година склучен е нов договор за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола со битолската фирма „Марковски компани“, во висина од 290 милиони денари или речиси 5 милиони евра. Криминалните интереси се вистинската причина поради која се кочи работата на Собранието и процесите во Македонија и затоа ВМРО-ДПМНЕ бара непостоечки теми и продолжува со блокадата, рече Ковачевски.
Тој додаде дека фирмата „Марковски компани“ од 2008 година до денес има добиено тендери во РЕК Битола во износ од повеќе од 60 милиони евра.