46
Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле.
Тие тоа го прифаќаат.
„Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не казнија и ние тоа го прифаќаме. Денес е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но се уште не е доцна да се смени правецот. Откажувањето не е опција за нас, ние никогаш нема да се откажеме од европската иднина на Македонија, имаме уште две недели да ја испратиме пораката до секој град, село, куќа, човек дека единствениот начин за вистинска и суштинска промена е европската интеграција на земјата“, вели Ковачевски.
Тој вели дека знаат оти луѓето се уморни од ЕУ.