Ковачевски и Заев на состанок на стратешкиот тим на СДСМ

by Fokus

СДСМ денес одржа координативен состанок на стратешкиот тим, објави премиерот Димитар Ковачевски на својата фејсбук страница.

Во координативниот тим покрај Ковачевски се и поранешниот премиер Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ.

-СДСМ има долгогодишно државничко и партиско искуство, посветеност и полна енергија да продолжи со победа и брз чекор по европскиот пат, објави Ковачевски.

Тој понатаму пишува дека на состанокот се разговарало во насока да направат  сè за да овозможат целосен државен и национален консензус за исполнување на определбата мнозинството граѓани Македонија да стане полноправна членка на ЕУ.

-Европскиот пат и полноправното членство во ЕУ е највисок државен и национален, македонски приоритет. Ова е клучен момент, се работи за сегашноста, стабилноста и извесната иднина на сите наши граѓани, за иднината на денешните и идните генерации. Граѓаните заслужуваат европски квалитет на живот и европски животен стандард, во европска држава, а тоа да биде нивната родна земја, нивната татковина, објави Ковачвески.

Поврзани новости