Ковачевски го праќа договорот со „Бехтел и Енка“ во Јавното обвинителство

by Fokus

Владата донела одлука да го прати договорот со „Бехтел и Енка“ во Јавното обвинителство.

„Можам да ве информирам дека Владата веќе донесе одлука согласно со степенот на доверливост на договорот со која е овластено Јавното претпријатие за државни патишта да го достави до Јавното обвинителство договорот, со оглед на тоа дека имаше многу прашања кои се однесуваа на тоа дали постоела можност за некакви влијаниа итн., а кои беа демантирани од Владата и сите претставници бидејќи станува збор за една од најреномираните американски компании кои работат на вакви големи проекти

Тој договор ќе биде доставен до Јавното обвинителство, па на нивно постапување понатаму да ги испитаат сите наводи кои беа кажани од страна на политички партии, од страна на медиуми, од страна на поединци итн.“, рече Ковачевски.

 

Поврзани новости