Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата, соопштија од Владата. Според предлогот, досегашниот министер за правда, Никола Тупанчески си оди од ресорот и на негово место доаѓа Кренар Лога од Алијанса за Албанците.
Министерот за здравство, Беким Сали од Алтернатива ќе се биде заменет со Фатмир Меџити исто така од Алијанса, а со министерството за информатичко општество ќе раководи Азир Алиу исто така кадар на Алијанса.
Со ова, партијата која стана дел од владината коалиција доби три министерства и две заменик министерски места, во одбрана и во Министерството за шумарство и водостопанство. Заемник министерското место во правда го зема СДСМ, а кадарот на ДУИ, Агим Нухиу од правда оди во образование.
За министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е Кренар Лога.
За министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, предложен е Фатмир Меџити.
За министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, предложен е Азир Алиу.
За министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, предложена е Каја Шукова.
За заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана, предложен е Тирон Јајага.
За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за правда, предложена е Викторија Аврамовска-Мадиќ.
За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, предложена е Вјолца Бериша.
За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за здравство, предложена е Маја Манолева.
За заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука, предложен е Агим Нухиу.
Дали Алтернатива ќе остане воопшто во Владата, засега е неизвесно. Од партијата најавија дека в недела ќе одлучува Централното собрание.