САД со санкции за уште петмина Бугари – меѓу нив директор на нуклеарката Козлодуј

by fokus

САД, во координација со Велика Британија, објавија дека преземаат дејствија за спротивставување на системската корупција во Бугарија со воведување санкции против петмина поранешни државни службеници и пет правни лица од Бугарија за коруптивни дејствија што довеле до незаконски лични придобивки, поткопување на демократските институции во земјата и зголемување на нејзината штетна зависност од руските енергетски извори, се наведува во пишаната изјава на државниот секретар Ентони Блинкен, објавено од Американската амбасада во Софија.

Румен Овчаров, поранешен бугарски пратеник и министер одговорен за енергетика; Александар Христов Николов, поранешен извршен директор и заменик директор на Нуклеарната централа Козлодуј (КНПП); и Иван Генов, поранешен извршен директор на КНПП и поранешен пратеник се посочени за серија недозволени зделки и размена на мито поврзани со енергетски договори со кои од Владата и народот на Бугарија се одземени стотици милиони долари, се наведува во соопштението.

Во него, понатаму се вели дека Николај Малинов, поранешен пратеник и лидер на Националното движење на Русофилите и претседател на политичката партија Русофили за преродба на татковината, е посочен за поткуп на судија за да му дозволи да патува во Русија, иако бил обвинет за шпионажа во име од интереси поддржани од Русија и бил со забрана за патување.

Потоа, Владислав Горанов, поранешен пратеник и поранешен министер за финансии, посочен за користење на својата позиција за олеснување на поткуп во замена за поволно законодавство, лишувајќи ја владата од даночни приходи;

Интер Трејд 2021 ЕООД, МС Консулт 2016 ЕООД, Националното движење на русофилите и Русофилите за преродба на татковината, се посочени дека се во сопственост или контролирани од Малинов; Трилема Консалтинг ДООЕЛ ЕООД е посочена дека е во сопственост или контролиран од Горанов, се вели во соопштението на Американската амбасада.

Стејт департментот, исто така, наметна визни рестрикции за Овчаров, Николов и Горанов за вмешаност во значителна корупција. Како резултат на овие дејствија, тие поединци и членовите на нивното потесно семејство генерално не се подобни за влез во САД.

Велика Британијао, исто така, посочи тројца корумпирани актери во Бугарија за сериозна корупција и злоупотреба на средствата на јавните институции: Васил Крумов Бојков, истакнат бугарски бизнисмен и олигарх; Делијан Славчев Пеевски, олигарх и поранешен пратеник; и Илко Димитров Жељазков, поранешен заменик-началник на бугарската државна агенција за технички операции.

Овие координирани дејства ја поддржуваат американската стратегија за борба против корупцијата и ја демонстрираат посветеноста на САД и Велика Британија да промовираат одговорност за корупцијата и да и помогнат на Бугарија, сојузник во НАТО, да воспостави критични реформи за владеење на правото.

Поврзани новости