428
Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција говореше за разговорите со АА за нивен влез во Владата. Како што истакна тој, има добар прогрес во тој процес.
„Алтернатива е значаен партнер на Владата. Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе има разговори и со Гаши и неговите колеги. Се надевам ќе успее да се постигне позитивен исход од тие разговори, со цел да можеме сите заедно да продолжиме кон градење на коалиција на европска Македонија, со цел влез во ЕУ до 2030 година“, рече Ковачевски.