Четири години на врвот: Радио Бубамара повторно е најслушано регионално радио!

by Fokus

Радио Бубамара е најслушана регионална станица и во изминатата 2022 година, покажува штотуку објавен годишен извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Со станицата дневно се дружеле над 50.000 слушатели.

Бубамара го продолжува трендот на слушаност и го зацврстува статусот на најслушано регионално радио и во изминатата година, титула што успева да ја задржи во сите квартални истражувања и извештаи на АВМУ од 2018 наваму. Според годишното истражување во сите четири квартали од 2022 година, Радио Бубамара бележи значителна предност пред второ рангираната радио станица и по прашањето на дневната слушаност и како радио на постојан избор. На глобално ниво, наспроти големите промени што последниве 10-ина година се случуваат на медиумскиот пазар, радиото останува најконсумиран медиум, утврди УНЕСКО. Единствената сеприсутност на радиото е можност да допре до најшироката публика и да влијае во создавањето на заедничко искуство, исполнето со различности и отворено за сите нив.

-Радио-станиците и радио-слушателите секаде и натаму создаваат ретко силни врски, а Радио Бубамара во изминативе години го создава најпопуларното градско радио, со кое во текот на денот се дружат преку 50.000 слушатели . Тоа ја обврзува Радио Бубамара и натаму да остане – добриот дух на главниот град. Овој успех би бил невозможен без поддршката и посветеноста на слушателите – порача првиот човек на Бубамара, Ранко Петровиќ, заблагодарувајќи се за довербата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости