Единствени во Европа имаме министерство за помалите етнички заедници, изјави премиерот Димитар Ковачевски откако вчера бугарскиот премиер Кирил Петков кажа дека очекува во земјава да се формира некаква институција за правата на Бугарите.
-Ние единствени во Европа имаме законски решенија со кои се унапредуваат правата на помалите заедници во секоја смисла, значи од користење на јазици преку еднаков пристап до вработувања во јавниот сектор, преку најразличните програми кои владата ги има во рамки на Буџетот и преку други институции кои се формираме. Исто така, имаме канцеларија на омбудсманот која се грижи за правата на сите граѓани која се грижи за правата на сите граѓани вклучително и на бугарското малцинство – рече Ковачевски.
Според него, ако некој е загрозен може низ тие институции да да покрене иницијатива.
-Секако дека капацитетот на институциите може во секое време да биде зголемен и добро е да се зголемува капацитетот бидејќи за сите граѓани, ние и во владината програма тоа сме го ставиле и тоа го предвидува и нашиот устав оваа држава е место каде сите имаат еднакви шанси како за личниот така и за професионалниот развој – рече Ковачевски.