Ковачевски до бугарскиот претседател: Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот

by Fokus

„Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав“. Ова е одговорот на македонскиот премиер Димитар Ковачевски по најновата провокација на бугарскиот претседател, Румен Радев.

Според Ковачевски, уставните измени се дел од преговарачаката рамка, Тој потенцира дека ние преговараме со ЕУ, а не со Бугарија.

„Тоа е нешто што ќе тече како процес и треба да се случи за граѓаните да станат дел од Унијата“, смета Ковачевски.

Македонскиот премиерот не сакаше дополнително да ја коментира споредбата на Бугарија со Русија што ја направи вчера на самитот на Советот на Европа, која предизвика лавина реакции кај источниот сосед.

Ковачевски запрашан за барањето на Алијансата на Aлбанците за смена на формулацијата „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“ рече дека се води дискусија во рамки на работната група за уставните амандмани.

Поврзани новости