Ковачевски апелира на разум: Настава мора да има и за време на штрајк

by fokus

Ги повикувам наставниците од основните и средните училишта да ги стават интересите на децата на прво место и да се погрижат да не се наруши образовниот процес.Учениците треба да бидат во училиштата, таму каде што припаѓаат.

По долгото пандемиско отсуство од клупите, ова е и морална обврска кон вашите професионални задачи како наставници и педагози, им порача преку својот Фејсбук профил, премиерот Димитар Ковачевски на наставниците.

-Правото на штрајк е загарантирано право и јас целосно го почитувам. Но социјалниот дијалог е единствениот пат да дојдеме до заеднички решенија. Така постигнавме договор за минималната плата и за пензиите, тој е начинот на кој треба да се реши и овој предизвик.

Затоа, апелирам да не запира процесот на образование и да се продолжи со дијалогот за да се изнајде прифатливо решение. Во време на огромна економска криза апелирам на разум и поддршка за заедничко надминување на проблемите.

Законските прописи ги штитат и интересите на учениците, и затоа настава мора да се организира и за време на штрајк. Да не оставаме празнина во образованието на децата, за сѐ има решение, но времето поминато надвор од клупа нема како да се надополни, порача Ковачевски.

Поврзани новости