Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев денеска изјави дека Бугарија останува на ставот дека современиот македонски идентитет не може да се гради со негирање на сè што е бугарско. Оваа изјава доаѓа во пресрет на првата меѓувладина конференција со која Македонија и официјално ќе ги почне пристапните преговори со ЕУ.
-Тие признаваат дека историските факти се загуба за сегашноста и иднината. Тие велат дека ако го прифатат ова, Бугарија ќе победи и ќе мора да се откажеме од Гоце Делчев. Им велиме: Напротив, тој е и ваш. Не само што не треба да се предаваме, туку треба да го славиме уште повеќе заедно. Сите револуционери од 19 век и почетокот на 20 век ги имаме заеднички. Ние сме заеднички наследници на овие луѓе и во Бугарија и во денешна Северна Македонија, вели Ковачев.