Федерер се врати на тренинзите по операцијата на коленото

by fokus

Швајцарскиот тенисер и 20-кратен освојувач на Грен слем турнирите, Роџер Федерер се врати на тренинзите по операцијата на коленото.

Според „Tages Anzeiger“ 39-годишниот тенисер следната недела има намера да одржи два тренинга во траење од по 45 минути.

Федерер беше опериран во коленото во февруари и планираше да се врати на теренот за време на сезоната на турнири на трева. Сепак, поради пандемијата на коронавирусите, турнирите на тревната подлога беа откажани.

Швајцарецот беше подложен на дополнителна артроскопска постапка во јуни и ја заврши сезоната пред предвидениот рок. Тенисерот рече дека има намера да игра на Австралија опен во 2021 година. 

Поврзани новости