462
Портпаролката на еврокомесарот за добрососедска политика и проширување, Маја Коцијанчич денеска за „Мета“ појасни дека изјавата на Јоханес Хан за бугарскиот весник „Капитал“ е извадена од контекст.
-Верувам дека изјавата е извадена од контекст. Позицијата на комесарот останува иста како во последното негово соопштение – изјави Коцијанчич за „Мета“.
Еврокомесарот Хан во интервју за бугарскиот весник „Капитал“ изјавил:
-За нас одлучувачко е изборите да се спроведат на фер, транспарентен и демократски начин. Не е важно дали сите ќе учествуваат, важен е квалитетот на изборниот процес. На оваа основа можеме да правиме следни чекори и да продолжиме напред.