485
Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич денеска ја објасни изјавата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан , кој вчера рече дека за земјата (Македонија) е добра Влада со уставно мнозинство.
Коцијанчич објасни дека Хан со вчерашната изјава мислел на потребата да има широк политички консензус и широка коалиција за да може земјата ефикасно да се справи со многуте предизвици, известува МИА од Брисел.
-Сите главни политички партии се за реформската агенда за ЕУ и се согласуваат дека патот кон ЕУ е стратешка цел на земјата. Ако тие работат заедно кон оваа заедничка цел, тие ќе имаат де факто уставно мнозинство, што е важно на патот кон еврoпската интеграција, рече Коцијанчич.