Костовски оди во АНБ, а Лазаревски останува во МВР

by fokus

Звонко Костовски кој заедно со Ѓорѓи Лазаревски ја открија аферата со масовното нелегално прислушување во УБК, својата работна кариера ќе ја продолжи во новата Агенција за национална безбедност. Додека пак Лазаревски и понатаму останува да работи во МВР.

Лазаревски воопшто не аплицирал во Агенцијата, па затоа останува во Министерството за внатрешни работи.

Во процесот на селекција на кадри од старата УБК во новата Агенција за безбедност, за околу 50 вработени има утврдено безбедносен ризик за работење во безбедносните служби и ќе мора да го напуштат МВР, но ќе се распределат во други државни институции.

Поврзани новости