Костовски: Грешка беше што ја поддржав Данела Арсовска

by Fokus

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски вели дека направил грешка што ја поддржал градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и лично се залагал да добие глас повеќе во вториот круг од изборите.

Тој во интервју за „Макфакс“ вели дека Арсовска сега, кога ја изгубила поддршката, се пресметува лично со него, па реализира проекти што не се приоритет за граѓаните.

Костовски објаснува како улица, за која многумина и не знаат каде се наоѓа, стана главна тема во медиумите и доведе до обвинувања за манипулации, узурпирање државно земјиште, лаги и протести.

Иако улицата Боца Иванова, за која се планира булеварско решение, а за која Град Скопје најави почеток на изградбата, е предвидена и во деталниот урбанистички план (ДУП) и во Генералниот урбанистички план (ГУП), градоначалникот Костовски ги поддржа граѓаните, кои бараат поместување на трасата.

„Ниту ГУП ниту ДУП не се библија и може да се променат. ГУП-от е Устав, но не е библија. Уставот се менува некогаш, ако е потребно“, вели градоначалникот Костовски.

Тој во интервјуто објаснува зошто токму сега поведоа инцијатива за бришење маркички за 11 згради, од кои некои се покрај новата улица.

 

 

Поврзани новости