625
Пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во гостувањето во „Жешко политичко лето“ на Канал 5 посочи дека референдум против ЕУ нема поддршка и нема да успее.
„Ниту има бугаризација ниту асимилација. Ние зборуваме на македонски јазик. Единствено нешто што сака Мицкоски да направи во следниот период е за да ги задржат сопствените фотелји. Имаме голем процент во најголемата опозициска партија кои се проевропски настроени и кои на отворена маса се спротивставуваат на раководството. Зборувам и за пратеници и за членство, голема маса, информира Костовски во емисијата „Жешко политичко лето.