Михајловиќ доби отказ од Болоња

by Fokus

Српскиот фудбалски стратег Синиша Михајловиќ денеска е сменет од должноста тренер на италијанскиот прволигаш Болоња поради слаби резултати.

Михајловиќ е првиот тренер кој е сменет во италијанската Серија А оваа сезона, откако Болоња во првите пет натпревари освои само три бодови.

Како кандидати за негов наследник на клупата на Болоња се Роберто Де Зерби, Клаудио Раниери и Тијаго Мота.

Михајловиќ ja почна својата самостојна тренерска кариера во Болоња во 2008 година, а во својот втор мандат во Болоња, и покрај лекувањето од леукемија, мина три сезони.

Поврзани новости