Костовски: Данела почна да лаже без осет!

by Fokus

„Јас како градоначалник не слушам апели од Данела Арсовска и Град Скопје, туку работам неколку чекори пред нив! Арсовска поради недостаток на идеи и иницијативи сака да си присвои нешто за кое воопшто не произлегло од неа“ напиша на Фејсбук градоначалникот на скопската општина Бутел, Дарко Костовски.

Тој напомена дека „пред медиумите на 09.03.2023 година јасно и гласно потенцирав дека на моја иницијатива ќе се пристапи кон бришење на спорните маркици за згради. И тоа се случи на 15.03.2023 со седницата на Советот на Општина Бутел“.

„На Арсовска и требаа неколку дена, односно на 11.03.2023 да излезе јавно со низа лаги и неосновани обвинувања да го повтори тоа што веќе јас го кажав. Па потоа да ги извести медиумите дека маркиците биле отстранети по нејзина иницијатива. Тешка лага, веројатно веќе и својствено за неа. И да повторно ќе порачам. Општина Бутел ќе биде зелена општина со најмногу зелени површини и за тоа не треба да се грижи Арсовска затоа што граѓаните на општина Бутел имаат Градоначалник кој ќе го зачува мирниот и спокоен живот во општина Бутел!“ пишува Костовски.

Поврзани новости