Костадиновски: Обвинувањата на СДСМ се неосновани, со тендерите беа заштедени пари

by Фокус

За вашата матрица се неразбирливи успешните проекти и затоа постојано плукате по нив. Но, наближува датумот за изборите кога граѓаните и земјоделците ќе ви покажат каде ви е местото, му порача денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски на дополнителниот заменик Љупчо Николовски.

-Николовски објави документи, но не кажа дека со двата тендера, преку системот за јавно наддавање, во фер и транспарентна постапка, се заштедени 3,35 милиони евра. Со заштедата од овие две тендерски постапки се склучени договори кои ќе бидат голем бенефит за жителите на Кочани, Зрновци, Чешиново, Облешево. СДСМ во отсуство на идеи, конкретни решенија ќе продолжи со обидите да внесува вознемиреност и правна несигурност кај јавноста, но проектите продолжуваат со несмалено темпо, јавно и транспарентно, рече Костадиновски.

Тој објасни дека за реконструкцијата на браната Пишица почетната цена била 69 милиони денари, но со јавното наддавање се намалила на 48 милиони што е заштеда од 20 милиони денари исто колку што е проектираната сума за модернизација на земјоделските стопанства преку набавка на механизација.

Поврзани новости