Костадиновска Стојчевска: Градежните активности ќе продолжат и Универзална сала ќе се изгради и ќе биде вратена на скопјани

by Fokus

Додека не излезе Обвинителството со своите наоди, би сакала да не излегуваме во јавност со никакви шпекулации. Да ги сочекаме наодите на стручните лица. Тоа што се случи во Универзалана сала за жал една девастирачка слика за сите. И за мене како министерка за култура и за вработените во министерството за култура кои поминавме еден процес на 2 годишно убедување со градската власт во Град Скопје за да ја препознаат важноста од тој објект да не седи отворен, да не биде оставен на забот времето, тој објект да не ги претрпува сите оние атмосферски промени што ги претрпи. И после еден долг процес на негодување, на неодговарање на нашите повици беше навистина поразително повторно од одредени причини, од непостапување на градските власти да го видиме она што го видовме, рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска одговарајќи на новинарско прашање.

Министерката изрази уверување до македонската јавност, дека после завршувањето на овој процес градежните активности ќе продолжат и универзална сала ќе се изгради и ќе биде вратена на скопјани.

„Ние она што го предвидовме преку информацијата на Влада и каде што го загарантиравме тој проект беше крајот на 2027 година. Меѓутоа како што кажав и претходно, се надевам дека тој процес ќе биде забрзан затоа што универзална сала од самиот почеток кажувавме дека и тоа како е потребна,“ истакна Костадиновска Стојчевска.

Таа додаде дека и ако се воспостави дека има штета, осигурителната полиса, ќе ја покрие и градењето ќе продолжи.

„Така што, остануваме на рокот кој го зацртавме за универзална сала да биде вратена назад на скопјани и на граѓаните на Република Северна Македонија,“ истакна Костадиновска Стојчевска.

Поврзани новости