Костадинов за „Фокус“: Вработувањата се законски, транспарентни и за сите важат исти услови

by fokus

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на прашањето на „Фокус“ дали според денешната изјава на министерот Манчевски, СДСМ оправдува вработување на свои партиски кадри, бидејќи во време на власта на ВМРО-ДПМНЕ тие биле дискриминирани, вели дека масовната партизација била одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

-Мислам дека министерот беше многу јасен, не би сакал ниту пак има нешто да го добјаснувам. Било какви споредби со времето на ВМРО-ДПМНЕ мислам дека не се соодветни. Масовна партизација на институциите беше одлика на криминалното владеење на ВМРО ДПМНЕ, сега вработување се законски, транспарентни и за сите важат исти услови. Таквиот однос кон државните институции и администрацијата заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денес процесите за вработувања се законски, јавни и транспарентни . Сите вработувања се согласно план, потреба и програма на самата институција, а за сите кандидати важат еднакви услови и критериуми. Секој има еднакви можности за работа и за вработување, тврди Костадинов.

Министерот Дамјан Манчевски на денешното новинарско прашање за непотизмот на власта, прашално одговори: По 10 години дискриминација, кога ниеден член на СДСМ не можеше да се вработи во јавната администрација, каде сега да одат членовите и симпатизерите на СДСМ? Потоа додаде дека сега има Антикорупциска комисија и сето она за што се смета дека е проблематично, треба да се поднесе претставка.

К.С.

Поврзани новости