Костадинов: Ни треба парламент и политичка влада, а тоа не може без избори

by Фокус

СДСМ како партија се бори за здравјето на граѓаните, за трансформација на економија и за функционирање на демократијата во државата, порача портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во вечерашното гостување на ТВ Алсат.

-Од законски аспект се предвидува дека по завршување на вонредната состојба имаме 22 дена за организирање на изборите. Секако дека како партија даваме шанса на дијалогот, даваме можност да се договориме. Но, доколку ВМРО-ДПМНЕ упорно бега од соочување не ни останува ништо друго освен да ги почитуваме законите кои се сосема јасни – рече Костадинов.

Според него, потребна е политичка влада и парламент делегиран од народот, а за тоа, како што истакнува, потребни се избори.

Поврзани новости