Костадинов: Лажниот патриот Дурловски во сред пандемија купува хектари земјиште

by Fokus

Еден од водачите на протестите За заедничка Македонија и упадот во Собранието, а денес носител на изборна листа на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дуроловски, својот наводен патриотизам го покажува со купување на хектари македонска земја, рече на прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

-Овде, во Свети Николе, Дурловски заедно со уште пет други лица купиле 12 хектари земјиште. 120.000 квадратни метри земјиште купил фејк патриотот Дурловски заедно со уште 5 други лица. Неодамна во јавноста излегоа информации дека Дурловски заедно со водачите на протестите и крвавиот четврток добиле 200.000 евра за своите активности. Дали со парите за напад врз пратеници и новинари, денес лажниот патриот Дурловски купува десетици илјади квадрати македонска земја? Дали со парите за крвавиот четврток, денес Дурловски станува земјопоседник? Додека глумат загриженост за граѓаните, функционери на ВМРО-ДПМНЕ купуваат хектари земјиште низ државата. Класично лицемерие на фејкњуз партијата ВМРО-ДПМНЕ. Уште еднаш се потврдува дека и Дурловски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ мислат само на свои, лични и бизнис интереси и воопшто не се грижат за граѓаните и државата. Таквото нивно незрело, неодговорно и несериозно однесување уште еднаш ќе биде казнето од граѓаните, вели Костадинов.

Поврзани новости