Нови 162 заразени со Ковид- 19, повеќе од половината во Скопје 92-ца и Тетово 32 случаи

by Fokus

Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на Ковид-19. Најголем број на заразени се во Скопје, 92-ца и Тетово 32-ца граѓани, потврдија од министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти.

– Скопје 2
– Прилеп 2
– Тетово 1

-До овој момент лабораторијата на Жан Митрев (Филип Втори) не пријави тестирања во Институт за јавно здравје. Доколку стигнат, ќе бидат објавени во следниот извештај, велат од МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупен број на заболени според градови:

– Скопје 92
– Куманово 3
– Дебар 5
– Штип 1
– Прилеп 2
– Тетово 32
– Струга 3
– Охрид 4
– Гостивар 2
– Гевгелија 1
– Струмица 1
– Крива Паланка 1
– Свети Николе 1
– Ресен 14

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4057, бројката на оздравени пациенти е 1710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2159.

Поврзани новости