Костадинов: Груевски наместо да се слика со старлети, да се врати и да оди во затвор

by Фокус

Никола Груевски не треба да пишува статуси на фејсбук од Будимпешта и да се слика со старлети, туку треба да се врати во државата и да си ја одлежи казната затвор согласно правосилната судска пресуда, вели портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, коментирајќи го фејсбук статусот на Груевски, кој напиша дека целосната снимка меѓу него и Гордана Јанкулоска објавена од Ел Чека покажува дека немале ништо со убиството на Мартин Нешкоски.

-И од оваа снимка јасно може да се види дека тогашниот премиер Никола Груевски и тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска свесно се обидуваат да прикријат дека во моментот на убиството полицаецот Спасов не бил таму како член на обезбедувањето на Никола Груевски, туку бил приватно. Понатаму во снимката можеме јасно да видиме дека Никола Груевски и наредува на тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска да каже во јавноста дека Спасов никогаш и не бил член на неговото обезбедување – вели Костадинов.

Поврзани новости