Валандовскиот градоначалник Перо Костадинов го најави одржувањето на 37-то издание на традиционалниот Фолк Фест Валандово, на кој ќе се изведат 20 новокомпонирани фолк песни.
Фестивалот ќе се одржи на 26-ти овој месец во Фестивалската сала „Јанко Узунов“, а пак пред тоа ќе се одржат две предфестивалски вечери на Градскиот плоштад на 24-ти и 25-ти мај.
Музички гости на плоштадот ќе бидат Драган Мијалковски, Перо Христов, Влатко Лозановски, Кирил Џајковски, Игор Џамбазов и „Ареа“.
Исто така, објавен е и редоследот на изведувачите во натпреварувачката вечер. Пред публиката ќе настапат Раде Младеновдки, Оливер Алексовски, Мишко Крстевски, Александар Здравков, Јованка Јо, Ивана Стојановска, Анастасија Митровска, Ангела Влинтовска, Борче Наумовски, Бојан Палиќ, Драган Николовски, Сашо Башевски, Живе Мешуревски, Габриела Новевска, Марио Петрушевски, Методија Столевски, Иван Стојанов, Софија и Никола, Лени Партикова и Игор Ангелов.
Водители ќе бидат Ирена Спировска и Ѓорги Калајџиев.
Лани на фестивалот победи Мишко Крстевски.
Вики Клинчарова