Ученици од Кавадарци комплетно опремија библиотекарско катче во село Возарци!

by Fokus

Учениците при ООУ „Страшо Пинџур” од Кавадарци кој што се дел од програмата ЦКА-ПХВ годинава работеа на мини проект ,,Обединети срца ” при што успеаа преку различни активности да соберат доволно парични средства за да уредат библиотекарско катче во ПОУ Страшо Пинџур во село Возарци, близу Тиквешкото езеро.

Овие ученици имаа многу активности како Еко квиз, собираа донации во книги од сите училишта и од некои приватни компании, организираа детски забавни игри во паркот , ликовен и литературен конкурс во училиштето, обезбедија компјутер од донација на организацијата ,,Донирај компјутер”, појаснуваат од кавадаречкиот Црвен Крст.

Библиотекарското катче се состои од два нови рафтови за книги, биро, компјутер за евиденција и над 600 лектири и книги со детска содржина. Покрај тоа што работеа на оваа цел младите од ОУ „Страшо Пинџур” поминуваа доста време и со лицата во центарот за посебни потреби “Порака” во Кавадарци.

-Благодарност до директорката на училиштето, раководниот и наставниот кадар кои во целост ги поддржаа овие млади во реализација на нивниот проект. Дисеминатор и на оваа група на млади беше Даниела Лазовска – волонтер од Црвениот крст Кавадарци, велат од Црвен Крст Кавадарци.

Вики Клинчарова

Поврзани новости