Судот во Приштина го ослободил Алил Демири, кој е осуден на доживотен затвор за случајот Смилковско Езеро од април 2012-та кога беа убиени 5 луѓе, пренесе тв Телма.
Според информациите, адвокат на Демири и претставници на надлежните органи во Скопје потврдиле дека тој бил ослободен.
Веста осамна на повеќе косовски медиуми. Адвокатот на Демири, Бесник Бериша за веб медиумот „sinjali.com“ изјавил дека обвинителот се повлекол и дека екстрадицијата веќе еднаш била отфрлена.
„По приложените докази од одбраната и појасните аргументи дадени на рочиштето на кое беше адресирано барањето на Обвинителството за определување мерка притвор, обвинителот кој го застапуваше предлогот се повлече од барањето“ – изјавил адвокатот Бериша за порталот каде беше објавена и фотографија од осудениот на доживотен затвор.
Демири повеќе од 11 години е во бегство, а вчера беше уапсен по меѓународна потерница издадена од Македонија, како што соопшти МВР во координација на македонската и косовската полиција.
По Демири се уште важечка е екстрадицијата која е побарана во 2018-та година.