Косовскиот министер за здравство поднесе оставка

by Fokus

Министерот за здравство на Косово, Рифат Љатифи поднесе денеска оставка, десет месеци откако ја презеде функцијата од неговиот претходник, Арбен Витиа, кој се повлече поради учеството на градоначалничките избори за косовската престолнина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во писмената оставка упатена до премиерот Албин Курти, Љатифи вели дека се решил на таков потег „по многу рефлектирање“, додека медиумите напоменуваат дека тој беше еден од најкритикуваните членови на Владата, кому се забележуваше за целосен недостаток на менаџерски активности во здравството.

Досегашниот министер, чија оставка се очекува да биде прифатена од Курти, не наведува конкретен повод за повлекувањето од функцијата.

– Со длабоко разочарување и жалење, по многу рефлектирање во изминатите неколку месеци, ве информирам дека ефективно ја нудам мојата оставка на функцијата министер за здравство на Република Косово од денеска, 6 октомври 2022 година, се вели во писмото на Љатифи до Курти.

Поврзани новости