389
Припадници на специјалната косовска полиција РОСУ денеска околу 11:30 часот пукале на пункт на мостот Бистрица, на патот Косовска Митровица-Лепосавиќ, во возило во кое се наоѓале двајца Срби, соопшти Српската канцеларија за Косово.
Мажот кој бил ранет во престрелката кај мостот Бистрица со возило на брза помош од Лепосавиќ е префрлен во болницата во Краљево. Од болницата соопштија дека пациентот е стабилен.