Двајца опозициски пратеници, Фрашер Красниќи од Социјалдемократската патија на Косово (ПСД) и Џељаљ Свечла од Движењето Самоопределување (ВВ), се степале синоќа по завршувањето на дебатната емисија „Рубикон“ на телевизијата КТВ, во која учествуваа како гости, јави дописникот на МИА од Приштина.
Свечла за коха.нет, порталот на КТВ, кратко изјавил дека немало физичка пресметка туку само вербален конфликт, додека Красниќи не одговорил на повиците.
Водителот на емисијата Адриатик Келменди исто така изјави дека во емисијата во живо, посветена на дијалогот со Србија, не се случило ништо невообичаено.
Меѓутоа, третата учесничка во гелевизиската дебата, пратеничката на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Беса Гаџери, за порталот зери.инфо изјави дека по завршувањето на емисијата дошло до тепачка меѓу двајцата пратеници, а дека новинарот Келменди интервенирал за га ди раздвои.
Фрашер Красниќи бше протагонист и на друг инцидент во дебатна емисија во живо на телевизијата Клан Косова, пред неколку месеци, кога го нападна со тупаници пратеникот на Социјалдемократската иницијатива (Нисма) Миљаим Зека.