Косовската полиција ги демантираше наводите дека нејзини припадници претепале две лица на патот во општина Звечан на северот на Косово.
Полицијата објасни дека инцидентот се случил попладнето на 17 јуни, кога патролната единица наишла на пет лица кои со два мотоцикли на четири тркала се движеле по улицата во месноста Извор – Бањска. Велат дека две лица не го послушале нивниот знак да застанат и побегнале на планински пат, но потоа на нив наишла полиција.
„На оддалеченост од околу 350 метри други полициски службеници наишле на трето лице, кое побегнало пеш. На таа локација се појавила и жена која изјавила дека е мајка на две лица кои биле запрени од полицијата. По проверка на лицето и (моторот) на возилото, како и по завршување на полициската постапка три лица се пуштени на слобода“, соопштија од косовската полиција.
Оваа реакција доаѓа откако Српска листа, најголемата партија на косовските Срби, ја обвини косовската полиција дека малтретирала двајца малолетници, брат и сестра, а реагираше и мајката на децата.
Мајката на претепаните деца од Косово: Ги затекнав како клечат пред полицајците