547
Косовскиот премиер Албин Курти денеска најави дека Приштина до крајот на годинава ќе аплицира за кандидатски статус за ЕУ, при посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц.
-Европа е нашата судбина, Европа е нашата иднина. Сакаме кандидатски статус во ЕУ и ќе аплицираме до крајот на годината – рече Курти.
Нормализацијата на односите останува главна пречка на европскиот пат на Приштина, како и на Белград, и покрај долгогодишниот дијалог спонзориран од ЕУ, па Шолц повика на помирување.
-Двете страни мора да најдат политичко решение со глобален и траен договор што ќе придонесе и за регионалната стабилност – додаде Шолц.