Косово не ги признава српските пасоши

by fokus

Дирекцијата на граничната служба на косовската полиција донела одлука за непризнавање на српските пасоши при влез на територијата на Косово, јави РТС повикувајќи се на извори во косовската полиција.

Според одлука на граничната полиција, забраната за влез не се однесува на лица кои поседуваат лична карта и извод за деца со фотографија. Одлуката на граничната полиција е донесена без знаење на косовскиот минстер за внатрешни работи и без вообичаена процедура за известување на граѓаните.

Според полицијата одлуката е во согласност со Бриселскиот договор од 2011 година кој не забранува користење пасош како документ за движење.

Поврзани новости