Уште еден одличен ден за мир со Блискиот Исток, оцени американскиот претседател Доналд Трамп, откако српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти потпишаа економски договор во Белата куќа.
„Уште еден одличен ден за мир со Блискиот Исток. Муслиманското мнозинството во Косово и Израел се согласија да ги нормализираат врските и да воспостават дипломатски односи. Добро направено! Наскоро ќе следат повеќе исламски и арапски нации“, напиша Трамп на Твитер.
Израелескиот премиер Бенџамин Нетенјаху, пак, изјави дека Израел и Косово се согласија да воспостават дипломатски односи, а Косово, заедно со Србија, ќе отворат амбасади во Ерусалим.
-Косово ќе биде првата земја со муслиманско мнозинство што ќе отвори амбасада во Ерусалим. Како што кажав последниве денови – кругот на мирот и признавањето на Израел се шири и се очекува да се приклучат повеќе земји – изјави тој.