Kосово ја одложи одлуката за регистарските таблички по барикадите и пукотниците

by Фокус

Утрово на северот на Косово и Метохија е мирно, откако Приштина ја одложи одлуката за реципроцитетни мерки за 1 септември.

Вчерашниот ден започна со движењата на косовската полиција, а потоа имаше барикади и пукотници.

Причината за тензијата е што примената на реципроцитетните мерки требаше да почне на 1 август.

Како што соопшти косовската Влада, од полноќ на сите што ќе дојдат на премините со лична карта на Република Србија ќе им биде врачен влезно-излезен документ.

Исто така, требаше да почне и пререгистрацијата на возилата со српски таблички на косовски таблички.

Во текот на денот граѓаните почнаа да се собираат во центарот на Северна Митровица, незадоволни од воведувањето мерки за реципроцитет.

Потоа во северниот дел на Косовска Митровица се слушнаа сирени за тревога. КФОР соопшти дека ја следи ситуацијата и е подготвен да интервенира.

Во текот на ноќта ситуацијата стана се понапната. Пред полноќ пред јавноста се обрати и српскиот претседател Александар Вучиќ, а американскиот амбасадор во Приштина ги притисна тамошните власти да ја разгледаат нивната одлука.

А потоа околу полноќ од Приштина стигна вест дека спроведувањето на овие две одлуки е одложено за еден месец.

Поврзани новости