459
Косовскиот државјанин Ш.Х. (48) починал откако вчера во 17 часот на булеварот Никола Карев во Скопје изгубил контрола врз неговиот мерцедес и удрил во бетонска бандера.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, по незгодата лицето во тешка состојба е пренесено во Комплекс клиники “Мајка Тереза”, каде е констатирана смрт.
Извршен е увид на местото на настанот.