784
Шеесетгодишен Косовец вчера бил донесен починат во амбуланта на улица „Втора македонска бригада“, соопштуваат од МВР.
Од амбулантата случајот го пријавиле во СВР Скопје вчера околу 12.30 часот, а според кажувањата на неговиот син, починатиот човек имал хронично заболување.
Во услови на епидемија на корона вирус, за случајот е известен Институтот за јавно здравје, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.