598
Во текот на вчерашниот ден, 45-годишен Косовец е уапсен на скопскиот аеродром.
,,На 01.11.2022 во 12.00 часот на граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле М.Ц.(45) од Косово затоа што додека патувал во воздухоплов на релација Брисел – Скопје агресивно се однесувал и се обидел физички да нападне едно лице од екипажот, а потоа агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија, соопшти полицијата”, велат од МВР.