Кошаркарската легенда Благоја Георгиевски-Буштур загина во сообраќајка

by fokus

Синоќа во страотна сообраќајка во населбата Кисела Вода животот го загуби македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – Буштур, роден на 15 октомври 1950 година во Скопје.

Првичните информации се дека Буштур изгубил контрола на возилото поради лизгавиот коловоз и удрил во бетонската жардињера која се простира на средината на коловозот на булеварот Србија.

Благоја својата кариера ја поминал во Работнички, клуб кој се натпреварувал во Првата југословенска кошаркарска лига.

На Европско првенство во 1971 година, кое се одржало во Западна Германија, како член на Југословенската кошаркарска репрезентација Георгиевски освоил сребрен медал. Георгиевски бил учесник на Летните олимписки игри во 1976 година кои се одржале во Монтреал како член на Југословенската кошаркарска репрезентација, каде освоил сребрен медал.

Фотографија: sport

Поврзани новости