Метео: Следува стабилизирање на времето

by fokus

Денеска во текот на претпладневните часови, и околу пладне сеуште ќе има локални послаби врнежи од дожд, на повисоките места и на планините ќе провејува снег. Снежната граница има услови да се спушти и малку под 1000 метри, особено во северната половина од државава, ќе дува и северен и северозападен ветер. Локално ветерот ќе засилува на интензитет.

Во попладневните и во вечерните часови следува стабилизирање на времето и намалување на облачноста. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени. Потоа во следните неколку денови следува период на претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена облачност. Исклучок ќе биде недела кога повторно ќе има услови за локални врнежи од дожд, на планините од снег. Наутро ќе биде студено и минималните температури на воздухот понекаде ќе се спуштаат не многу под нулата.

Максималните дневни температури и натаму ќе бидат над просекот и во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, во најтоплите предели од државава истите има услови да се искачат дури и над 15 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости