Кошаркарите на Бостон не се предаваат, ја намалија предноста на Мајами

by Fokus

Кошаркарите на Бостон Селтикс во синоќешниот натпревар во Мајами, ги победија „Мајами Хитс“ со 110:97. Со оваа победа ја намалија предноста на својот ривал во финалната серија на Источната конференција до 3:2.

Во недела „Мајами Хитс“ ја имаат третата меч топка за влез во финалето против 2Денвер Нагетс„ каде иигра српскиот ккошаркар Никола Јокиќ. Во овој меч тие ќе мора да одиграат многу подобро од претходните два дуели.

Ниту една екипа во НБА досега не се вратила по 0:3 за пласман во финалето.

„Бевме турнати до ѕид, но тимот се држи заедно и се натпреварува на високо ниво за да си даде шанса да остане. Додека играта има надеж“, истакна тренерот на Бостон, Џо Мазула.

Поврзани новости