520
Горанче Ангеловски-Ќосето, откако беше осуден на 12-години казна затвор, како еден од обвинетите за случајот „27 април“, истакна дека нема да бега, бидејќи за тоа немал пари.
-Супер ми е со другарчињата во „Шутка“, па затоа барам да си останам таму. Немам пари сега да си отидам до Велес, а не пак да бегам. Немам пари бидејќи јас не крадев, рече Ќосето, цело време смеејќи се.
Да остане во „Шутка“ побара и обвинетиот Вилијам Михајловски, кој доби казна од 14-години. Тој рече дека му било јасно дека и да побарал да биде во куќен притвор тоа немало да му биде дозволено.
Судот треба да одлучи дали осудените 16-мина ќе одат во притвор, или ќе добијат други мерки на претпазливост.