Бајрам воодушевен од Заев: Досега премиер не ми одговорил вака на пратеничките прашања, се гледа дека сте за народот!

by Фокус

Откако лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, побара од владата мерки за надминување на сиромаштијата, на денешната седница посветена на пратеничките прашања доби одговор од премиерот Зоран Заев.

-Се залагаме да се донесе закон за бесплатно болничко лекување. Тоа не го бараат богатите бидејќи тие може да го плаќаат надоместокот, туку тоа го бараат сиромашните граѓани – рече Заев.

Бајрам изрази задоволство од одговорот на Заев, истакнувајќи дека за прв пат еден премиер му одговорил како што треба на пратеничките прашања.

-Се гледа вие се залагате за народот и како идете ќе бидете добар за секото – рече Бајрам, кој до вчера беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а по локалните избори стана независен пратеник.

Поврзани новости