575
Еден од обвинетите од случувањата на 27 април 2017 година во Собранието, Горан Ангелов Ќосето преку социјалните мрежи му се обрати на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, кој објави кандидатура за претседател.
„Влатко, а да најдеше минута време да ги посетеше фамилиите на затворените од 27. И тие луѓе имаат деца, не чуваат мачиња, знае тој како е, има четири. 15 месеци никој не собра храброст да посети ниту едно дете од гореспоменатите семејства, сега ќе барал гласови и ќе посетел секого?!“, напиша Ангелов на својот Фејсбук профил.