Каракамишева: Заев и Османи се опоменати од генералниот секретар на Венецијанската Комисија

by fokus

Венецијанската комисија испратила писмо до кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и до премиерот Зоран Заев во кое се наведува дека не е дозволен владин притисок од каков било вид врз национален претставник на телото, тврди професорката по уставно право и член на Комисијата, Тања Каракамишева.

„Само што добив информација од генералниот секретар на Венецијанската комисија, г-дин Томас Маркерт, дека согласно правилата на Комисијата владин притисок од каков било вид врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН и дека писмото е веќе доставено до кабинетот на Османи и на Заев.

Да имавме слободно новинарство јавноста веќе ќе беше информирана. Ама немаме!

Ги повикувам новинарите да го добијат писмото упатено до претседателот и заменик-претседателот на Владата и да ја информираат јавноста за ставот на Комисијата во однос на ваквите недолични испади на политичари врз угледни експерти”, напиша Каракамишева на Фејсбук.

Само што добив информација од генералниот секретар на Венецијанската комисија, г-дин Томас Маркерт, дека согласно…

Publiée par Тања Каракамишева sur Mercredi 23 janvier 2019

Поврзани новости