Корупцијата во институциите рапидно расте, алармираат експертите

by fokus

Околу 480 илјади граѓани годишно се притиснати да дадат мито, покажуваат истражувањата на невладините организации. Корупцијата во институциите е толку застапена што веќе и граѓаните се навикнуваат на тој ситем и не пријавуваат злоупотреби. Тие не веруваат дека тоа би имало некоја развршница, односно казна, па затоа одбираат да дадат поткуп, отколку да се жалат.

Граѓаните ќе се охрабри да пријави корупција, во оној момент кога некој фунцкионер ќе биде казнет, смета експертската јавност.

 Говорниците на дебатата за ефикасно справување со корупцијата, денеска порачаа дека овиот владин состав ќе мора да направи прецизен план и да ги охрабри граѓаните да пријават злоупотреби.

Осврнувајќи се на последниот извештај на Транспаренси интернејшнал во кој се наведува дека граѓаните се плашат да пријават корупција, Миша Поповиќ од Институтот за демократија рече дека за да има промени мора да се види одлучна борба против корупцијата на високо ниво. Тој посочи дека тука клучна улога имаат Специјалното јавно обвинителство, но и основното обвинителство, за кое рече дека потфрлува во овој проблем.

-Ако зборуваме за размер во смисла дека повеќе граѓани ќе пријавуваат корупција, да, случај во кој актуелен политичар кој во моментов е на власт од високо ниво биде обвинет па осуден со фер судење за корупција, тоа може да влијае на охрабрување на граѓаните – рече Поповиќ.

Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнал посочи дека уште една од причините за високото ниво на корупција е тоа што Законот за свиркачи не се применува, а граѓаните кои пријавуваат корупција се соочуваат со закани.

 Инаку, во  последниот извештај на транспаренси интернешнал, најголемото ниво а корупција е забележано кај пратениците, претседателот и премиерот, а најмногу поткуп има во здравствениот систем.

Поврзани новости